Добредојдовте! Дула е личност која ѝ дава емотивна, физичка и психолошка поддршка и помош на родилката за време на и веднаш по породувањето. Од неодамна оваа професија заживеа и кај нас, со првите три дули кои се спремни да ѝ се најдат на секоја родилка која ќе почувстува дека ѝ треба поддршка.
Доколку сте заинтересирани, разгледајте ги овие страници за информации за улогата на дулата во чинот на породувањето, и контактирајте не доколку почувствувате дека ова е нешто за вас и вашето семејство.