Кога прв пат запознав дула (2009та) остана преубаво чувство во мене. Што заради топлината и насмевката со која зрачеше таа жена, а што заради целиот концепт кој ми имаше потполна смисла. Оттогаш сретнав уште многу дули и бабици и сите нив ги поврзуваше нешто што посакав да стане и моја карактеристика. Длабока смиреност и увереност, пријатно присуство и поврзаност со животот и женственоста.
Мојата обука започна најпрво преку листање на книги и комуницирање со дулите од соседните земји, се додека не се одржа почетна обука за дули во Белград 2014та, во рамките на Dona International. Од таму следеше моето лично искуство и моето породување, за потоа да добијам поголема сигурност дека разбирам низ што поминува една жена во породувањето. Се уверувам постојано колку е секое искуство уникатно и индивидуално и колку е широк спектарот на ситуации во кои една родилка може да се најде. Обуката продолжува со воведни обуки за доење и childbirth education до целосната сертификација која следи до крајот на оваа година. Она што е моја голема мотивација и инспирација во оваа професија е тоа чувство да бидам присутна, емотивна, внимателна и од помош на секоја жена која ќе ме побара. Да создавам длабоки пријателства и во иднина да можеме да се навратиме на незаборавни настани заедно. А чувството на сведочење на првиод здив на нашите најмали и најмили е надвор од капацитетите да се опише. Да се потсетувам одново и одново на магијата на животот и природата.
Маја е во можност да работи со родилки и семејства на територијата на цела Македонија, преку целата година. Телефон и мејл за контакт: 075 599 467, majatraja[at]yahoo.com.